Нега на кожата

Маска за сува кожа

Сувата кожа е затегната на лицето и остава убав впечаток. Но, по 25-тата, ако не се негува, постепено брзо ќе формира брчки.

maska_za_suva_kozha

Совет:

За да ја заштитите сувата кожа од прерано стареење и дехидрираност, добро е да се користат кремови и масла богати со бадем во комбинација со етерични масла од лаванда и портокал.

Маска за сува кожа од овесни снегулки:

  • 1 лажица овесни снегулки
  • 5 лажици топло млеко

Измешајте ги добро и нанесете ја смесата на лицето и вратот додека е сѐ уште топла. Оставете да отстои 5 минути, а потоа измијте ја со топла вода.