Проблеми со кожата

Псоријаза

Често слушаме за псоријаза и најмногу што знаеме е дека е тврдокорна хронична кожна болест за која нема лек.

Псоријаза

И покрај тоа што за псоријазата нема лек, не значи дека болеста не може да се контролира. Добро е да знаеме некои нејзини симптоми за да може да преземеме мерки за контрола.

Псоријазата се карактеризира со црвена кожа прекриена со светли и сребреникави лушпи. Понекогаш се јавува чешање. Најчесто се јавува на колената, лактите, зад ушите, скалпот и трупот, но може да се јавии на гениталиите и под пазувите. Зафатената површина е со големина од мал лишај до големи наслаги по телото. Тие се секогаш суви и ретко се инфицираат.

Застапена е и кај двата пола, но почеста е кај жените. Првите знаци на псоријаза можат да се појават по 15-тата година до 30-тата. Болеста особено се влошува наесен, зиме и напролет. Важно е да напоменеме дека не е заразна болест, па нема потреба од страв доколку некој близок ја има.

Кожата има свој природен механизам за раст и обнова и во моментот кога тој систем затајува се јавува псоријаза. Тоа е поврзано со метаболизмот на аминокиселините кои се основни природни градивни елементи за репродукција на кожата. Точните причини се сѐ уште непознати. Забележано е појавување на псоријаза кај индивидуи со генетски предиспозиции.

Изложеност на некои фактори како стрес, инфекции, подолга употреба на некои лекови (антималарици, нестероидни антиинфламаторни лекови, бета блокатори), како и зголемена тежина можат да бидат фактори за појава на псоријаза.

Што да смените во животните навики

Знаејќи дека псоријазата е болест на пореметен метаболизам, логично е дека воведувањето на одреден режим во исхраната може да помогне.

Дневно конзумирање на половина до литар сурутка (производ што се добива при производството на сирење) ја подбрува состојбата.

Помага и храна богата со витамин Е (или суплементи на витаминот Е) во количина од 400 мг дневно.

Лецитинот го има во јајцата, сојата, а може да земате и гел капсули Лецитин.

Јадете повеќе спанаќ и краставици. Кокосот, иста така, поволно делува.

Треба да избегнувате цитрусни овошја (потрокал, лимон, цитрон). Доматите треба да се намалат или целосно да се исклучат. Исто така, не се препорачуваат ананас, јагоди, слатки, газирани пијалаци, јогурт, како и многу врела и многу ладна храна.